Од 15 до 19 август и оваа година, традиционално, ќе се одржи Струшкиот ракометен турнир. По 46. пат на „Женска Плажа“ во Струга, осум екипи ќе се подготвуваат за стартот на новата ракометна сезона.
Годинава ќе бидат одиграни вкупно 17 меча во пет дена, па публиката ќе има шанса да ужива во квалитетен ракомет.
Годинешни гости се: шведски Алингсас, турски Бешикташ, француски Тулуз, словенечки Целје Пивоварна Лашко, романска Костанца и српски Железничар. Од домашните тимови летово во Струга ќе ги видиме истоимениот домашен тим и екипата на Еурофарм Работник.
Турниротс тартува на 15 август со дуелот меѓу Железничар – Струга, а во рамките на самиот турнир ќе се одигра и македонскиот Супер куп дуел меѓу Вардар и Металург.