Црногорците, Иван Павичевиќ и Милош Ражнатовиќ, го го судат мечот меѓу Вардар и Флензбург кој ќе се одигра на 15 октомври од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на 4 коло во групната фаза во Лигата на ракометните шампиони.
Бидејќи ЕХФ пратикува делегатот да биде ангажиран од земјата домаќин, таа улога му е доделена на Марјан Начевски.
Вардарци досега одиграа само еден дуел од тековната сезона во ЛШ бидејќи средбите со Елверум и Пик Сегед им беа одложени.

