Нашата најдобра судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, денеска ќе ја имаат првата задача на Светското првенство во Египет. Тие се делегирани за дуелот од групата „Б“ меѓу репрезентациите на Тунис и Полска.

Кире Лазаров, со головите на вчерашниот меч против Шведска влезе во историјата на Мундијалите бидејќи успеа да постигне погодоци во четири различни децении. Лазаров првенецот го даде во Египет 1999, потоа стрелаше прецизно во Хрватска 2009 година, во Шпанија 2013 година, во Катар 2015 година, Франција 2017 година и во Данска и Германија пред две години.

Селекторот на нашите ракометари, Данило Брестовац, по вчерашниот пораз од Шведска на стартот на Мундијалот, изјави, дека очекува многу подобро издание на утрешниот натпревар со домаќинот Египет.


