Кошаркарската Федерација на Македонија јавно реагира на одлуката на Судиската Комисија и нејзините членови за бојкотирање на натпреварувањата во сите категории поради неисплатени средства.
– На последниот состанок, Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ предложи да се подмират 50 % од тековните долгови кон судиите и сите натпреварувања да продолжат да се одвиваат непречено. Од страна на Кошаркарската Федерација беше даден предлог со конкретен план на исплата но, повторно членовите на Судиската Комисија не беа задоволни и неочекувано решија да го променат ставот“ – стои во соопштението од „Куќата на кошарката“.
Во текстот се наведува дека Федерацијата нема добиено никаков финансиски стимул освен ваучерот и дека сите клубови мора да ги подмират финансиските долгови. Во спротивно, нема да продолжи натпреварувачката сезона.

