Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Судиската организација бара извинување од РК Вардар 1961 за неоснованиот напад и притисок!
    Ракомет

    Судиската организација бара извинување од РК Вардар 1961 за неоснованиот напад и притисок!

    risteBy riste16/09/2023No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Пред одигрувањето на натпреварот од првото коло на Суперлигата меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, директорот на Вардар 1961, Борко Ристовски ги нападна судиите во македонското првенство и најави дека клубот е подготвен да побара интернационални судии за следните натпревари.

    Веднаш стигна одговорот од Здружението на судии, кое не се согласува со Ристовски и побара јавно извинување. 

    „Почитувани, спортски љубители на ракометот,

    Со чудење ја прочитавме последната изјава на извршниот директор на РК Вардар 1961, Борко Ристовски и сакаме по истата да се произнесеме, бидејќи дирекно бевме посочени како главни виновници за успехот или неуспехот на одредени екипи. Пред да го искажеме нашиот став околу неговата изјава дозволете да се навратиме на неколку битни моменти околу целата судиска организација која е ценета од сите европски и светски организации со тоа што од самото оформување па се до ден денешен нејзините членови се учесници на сите врвни натпреварувања.

    Почнувајки од плеадата судиски парови од постарата генерација предводена од Марјан и Драган Начевски како и денешната генерација предводена од Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и другите шест меѓународни парови некои од нив исто така се здобија и со ИХФ знакот и да не ги заборавиме и огромниот број судии кои ја делат правдата на натпреварите во домашното првенство.

    За да не одземаме време со набројување на сите важни учества на нашите членови ќе наброиме само неколку учества на Олимписки игри, Светски и Европски првенства како и на континенталните Купови независно во женска или машка конкуренција.

    Некои од нив имаа и можност да ја делат правдата и во други првенства со што кажува за квалитетот и реномето на македонските судии, да денес некој се дрзне да бара судии од странство за кои многупати сме слушнале и прочитале од истиот клуб дека биле оштетени во некој од европските Купови. Бидејќи нашето реноме како организација е почитувано и докажано на сите полиња нема да дозволиме да се нарушува имиџот и реномето на истата од било кој поединец или спортски субјект. За таа цел ќе поставиме контра теза на трвдењата на извршниот директор на РК Вардар 1961.

    Дали некој се запрашал во РК Вардар 1961 како со истите овие судии изминатите години го освоил 15 првенствени титули и 15 титули во Купот на македонија како и три или четири титули во Суперкупот?

    Дали откако се загуби приматот во првенството, но не и во Купот и Суперкупот и истите тие судии од страна на рк Вардар заслужуваат да бидат посочени како главни виновници за успехот или неуспехот на некој клубови или сето ова доаѓа како добро смислено сценарио како притисок на службените лица на престојниот дерби натпревар и престојното првенство?

    Ако управата на РК Вардар 1961 е сè уште на истиот став и не се извини на судиската организација, ние сме спремни да го удостоиме барањето на РК Вардар 1961 на натпреварите од домашното првенство и да не бидеме службени лица, меѓутоа оваа одлука ќе важи за сите натпревари на РК Вардар 1961 во домашното првенство, а не само на оние кои тие ќе побараат.

    Спортски поздрав,

    Здружение на ракометни судии на Македонија“.

    Дерби натпреварот Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе се игра в недела (утре) од 19:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.  

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Добра партија на Е. Пелистер, но Кил славеше во Битола

    27/09/2023

    Јовиќ пред Кил: Мора да се покажеме во многу поинакво светло

    26/09/2023

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    • ФК Вардар: Постои потенцијален инвеститор, но државата не реагира на нашите барања
    • Рустемовски освои бронза на Балканското првенство
    • Стив Брус ќе биде нов селектор на Р. Ирска?
    • Мурињо: Ова е најлош почеток на една сезона во мојата кариера
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.