Федерацијата на училишен спорт на Македонија вечерва го имаше и официјалното свеченоотворање на Европското пренство за средношколци (У18) кое веќе два дена се одржува во Скопје.
Со учество на екипи од Србија, Фрцнија, Црна Гора, Чешка, Р. Српска и Македонија, во машка и во женска конкуренција, првенството се одржува во две сали во главниот град каде веќе течат и првите мечеви по групи.

На свеченото отворање пред присутните зборуваше првиот човек на Федерацијата на училишен спорт, Александар Туфекџиевски.
„Се ова што го организираме, го правиме со душа и со срце, за сите да дадеме сериозен придонес во спортот. Им благодарам на организаторите и на сите кои се вклучени во целиот овој настан. Почнувајќи од нашиот супервизор Јулија Бојанова од Бугарија, која е кошаркарска легенда и која безрезервно помага училишниот спорт во европски рамки да биде на високо ниво. И благодарам на Европската федерација на училишен спорт која ни ја даде шансата да ја го организираме ова прво отворено европско првенство во кошарка“.

