Познатиот и еден од најтрофејните кошаркарски тренери, Светислав Пешиќ, официјално останува селектор на српската кошаркарска репрезентација и ќе биде нивен предводник уште најмалку една година.
Самиот Пешиќ ја потврди информацијата на денешната прес-конференција и изрази голем оптимизам за предизвиците што ја очекуваат селекцијата на Србија.
Договорот ќе трае до 30 септември 2025 година, по што ќе се разгледа можноста за евентуално продолжување на соработката.
75-годишниот кошаркарски стратег ќе ја предводи Србија во квалификациите за Европското првенство во 2025 година, што автоматски значи дека ќе остане на клупата и на собирот на најдобрите во Европа, ако се земе предвид фактот дека Србија скоро сигурно ќе обезбеди учество на турнирот.
Пешиќ ја презема репрезентацијата во 2021 година и досега успеа да освои сребрен медал на Светското првенство минатата година, како и бронзен медал на Олимписките игри во Париз.

