Утрово медиумите во Србија ја објавија информацијата дека Светислав Пешиќ не е веќе селектор на Србија, репрезентација која на последното ЕП доживеа дебакл и елиминација во 1/8 финалето од Финска.
Откако беше објавена оваа информација веднаш започнаа и шпекулациите за името на неговиот наследник. Кошаркарскиот сојуз на Србија со Светислав Пешиќ имаа договор кој истекува денеска на 30 септември 2025 година.
Од многу имиња кои беа споменувани во јавноста, се издвои она на Душан Алимпијевиќ.
Има само 39 години и е тренер на Бешикташ. Се воделе преговори во исто време да биде и селектор и тренер на турскиот гиган, а станува збор за еден од најталентираните српски тренери.
Интересно е тоа што токму Пешиќ инсистирал Дуашн Алимпијевиќ да биде неговиот наследник на клупата на репрезентацијата на Србија.

