Кире Лазаров како капитен-селектор се израдува на првата победа на нашата најдобра ракометна репрезентација и тоа против актуелниот светски шампион Данска со 33:29.
Македонските ракометари во СЦ Борис Трајковски тотално го надиграа скандинавскиот состав и практично од првата до последната минута имаа контрола на играта и резултатот. Во историската победа против Данска се издвоија Манасов, Талески и Кузмановски со по 5 голови пред Лазаров и Стоилов со по 4 погодоци. Голманот Митревски мечот го заврши со 13 одбрани.
Во нашата квалификациска група Македонија е лидер со 6 бодови, Данска има 4, Швајцарија 2 а Финска 0. Наредниот меч ќе го одиграме за три дена на теренот на Данците.