Новото засилување на Еурофарм Пелистер, Реиние Табоада, потенцира дека Битолчани напредуваат континуирано и дека сака да му помогне на клубот да освојува титули.
„Сакам да играм еден на еден, ја користам физичката сила. Интелегентен сум и ја „читам“ играта, го „читам“ натпреварот. Исто така шутирам од далечина“ – вели црномурестиот играч.
„Гледав европски натпревари на Еурофарм Пелистер, како и дерби мечеви против Вардар 1961 во домашната Супер-лига. Ми остави добар впечаток и тоа е добар проект за мене. Ми се допаѓа екипата“ – потенцираше Кубанецот.