Македонскиот ракометен репрезентативен бек Филип Талески пред самиот старт на сезоната во Бундеслигата се реши да го промени и дресот на Рајн Некар Левен и да се пресели во Балинген.
Поранешниот германски шампион преку социјалните мрежи му се заблагодари на Талески за соработката, а неговиот нов клуб официјално го претстави Талески кој ја имаше и првата изјава.
„Се решив за нов предизвик и за Балинген затоа што тука гледам шанса да игра. Со нетрпение го чекам тој момент. Пред да се решам каде ќе ја продолжам кариерата разговарав со Владан Липовина и од него слушнав само позитивни зборови за тимот, тренерот и градот“, истакна македонскиот ракометар.
Балинган е лански шампион во втората Бундеслигата, а во елитата на германскиот ракомет влегува со големи амбиции. Интересно е тоа што новиот тим на Филип талески во првото коло ќе игра против новиот тим на Филип Кузмановски, Магдебург.