Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Талески: „Холандија игра брз ракомет, но не се како Норвешка“
    Ракомет

    Талески: „Холандија игра брз ракомет, но не се како Норвешка“

    risteBy riste14/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија ја очекува средбата со Холандија, а бекот на нашата репрезентација Филип Талески го анализираше нашиот следен противник и за тоа како треба да играме за да се надеваме на позитивен резултат на оваа средба. Секако најнапред се осврна на мечот со Норвешка кој го загубивме со 39:27 во првото коло.

    „Нема за што да жалиме за првиот натпревар, квалитетот, сепак, е на страната на Норвешка. Видовме што значи да се има пад во играта и тоа само четири минути во првиот и шест минути во вториот дел и тоа не смееме да го дозволуваме. Со неколку технички грешки, резултатот отиде нагоре, а претходно бевме во егал. Од денес мислите ни се само кон Холандија, имаме шанси, но мора да го покажеме тоа на терен. Знаеме што нè чека, играат брзо иимаат предводник во играта во Лук Стајнс. Холанѓаните имаат брза транзиција. Ако го сопреме тоа, ќе имаме добри шанси за победа. Не е толку физичка силна Холандија во одбраната, може да напаѓаме квалитетно, но мора да ја сопреме нивната брза игра. Верувам дека нашиот селектор ќе подготви добра тактика за нив“, изјави Талески.

    На првиот натпревар во составот на Холандија се истакна голманот Равенсбергер кој одбрани 19 топки. Талески вели дека секој голман има доба и лош ден.

    „Голманите може да имаат и добар и лош ден. Се надевам дека за нас ќе биде второто. Но, дури и да има одбрани, не смееме да мислиме негативно. Мора да бидеме претпазливи, посебно затоа што имаше добри одбрани од зицер со Холандија. Треба да си ја гледаме нашата игра и да бидеме внимателни. После последното Европско првенство, имаше промени во Холандија, си замина селекторот, Стајнс најави повлекување, но сега тој е пак вратен во репрезентацијата. Имаат нови бекови кои ги немаа тогаш и прават поголема ротација. Тогаш играа со една постава, сега е друга игра. Мора да бидеме подготвени за секој играч и не смее да не залаже таа нивна ранлива игра во квалификациите, тие натпревари и овие на големо натпреварување се сосемаразлични“, заврши Филип Талески.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Лазаров со список од 35 ракометари за ЕП 2024

    01/12/2023

    Пешевски: Против Киелце ќе ја бараме нашата шанса за изненадување

    29/11/2023

    Ангеловски: „Да веруваме во тоа што го работиме, за кратко време ќе дојде и победата“

    23/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Броја може да заигра во Серија „А“
    • Артета: посебна ноќ
    • Црномурестиот играч ќе може да направи трансфер
    • Одложениот меч Баерн Минхен – Унион Берлин ќе се игра на 24 јануари 2024 година
    • Јокиќ и Тејтум ги добија признанијата за ноември
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.