Македонија доживеа пораз од Чешка со 27:25 и сега значително си ги закомпликува работите за пласман во наредната рунда, или поточно, станува јасно дека ќе мора да бркаме победа против домаќинот Австрија за се најдеме во следната фаза на Европското првенство. Филип Талески по средбата со Чешка даде свое видување на средбата и причината за поразот.
„Вчера апелиравме дека не смееме да имаме таков пад кога водиме и го диктираме резултатот. Тоа ни се случи и денеска, повторно се случи истото и мислам дека тоа го пресуди победникот. Водевме два разлика на полувремето, но потоа не можевме да ја пробиеме нивната одбрана. Освен капитенот Кире Лазаров кој постигнуваше погодоци од надвор, ние од левата надворешна страна не направивме ништо. Мислам дека тоа беше голема грешка, заедно со лошата игра во одбраната во последните 15 минути кога се почувствува умор. Сега имаме ден одмор, да ги избистриме главите и да дадеме се од себе на мечот со Австрија. Ќе мора да одиме на „се или ништо“, но мислам дека имаме шанси ако доколку одиграме подобро во напад и одбрана“ ,изјави Талески.

