Нашиот ракометен репрезентативец, Филип Талески, од денеска официјално ќе го носи дресот на португалскиот состав Бенфика.
Тој по завршувањето на сезоната се определи да го напушти Вардар и да замине на Пиринеите. Талески претходно играше за екипите на Металург, Рајн-Некар Левен и Балинген.
Талески ќе биде третиот играч од нашава земја кој ќе игра во шампионатот на Португалија. Претходно таму беа активни голманите, Борко Ристовски и Никола Митревски.