Нашиот ракометен интернационалец, Филип Талески, пред мечевите со Шпанија (утре) и Исланд (четврток), изјави дека мора да ги користиме чистите ситуации за голови и дека не смее да ни се повторат грешките од дуелот со Хрватска.
„Можам да кажам дека ги видовме грешките на вчерашниот меч. Сите се согласивме дека одигравме навистина добар натпревар, но, со многу промашени зицери. Така сепак, не може да се добие таква селекција како што е Хрватска. Тие имаат одлични играчи, одлични голмани а ние имавме грешки во нападот. Не смееме да продолжиме со тие клучни промашувања на наредните два меча“ – вели Талески.
„Ќе одиме максимално на двата меча и ќе бараме две победи. Мислам дека сите карти се отворени бидејќи одигравме по три меча и се виде квалитетот на сите селекции. Не може ништо ново да се подготви, можеби единствено да играме напад „6 на 6“, но, тоа нема да биде ништо ново“ – потенцираше Талески.