Ракометарот на Металург, Марио Танкоски, кој се повреди на вчерашниот меч со Нексе во рамките на СЕХА лигата ќе паузира околу една седмица.
Тој во средината на првиот дел при еден доскок лошо го извитка скочниот зглоб, но, за негова среќа, повредата е од полесен карактер и рехабилитацијата ќе трае краток период. Тренерот на Металург, Данило Брестовац, на стартот на сезоната глава не може да подигне од серијата на повреди кај ракометарите. Прво на листата беше ставен Велковски, потоа му се придружи и Јагуриновски а од вчера надвор од стројот ќе биде и Танкоски.
Познато е дека деновиве составот од Автокоманда поради неподмирени финансиски обврски го напушти и репрезентативецот, Филип Кузмановски.