Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Тажна вест: Почина легендарниот тренер Душан Дуда Ивковиќ
    Кошарка

    Тажна вест: Почина легендарниот тренер Душан Дуда Ивковиќ

    risteBy riste16/09/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Светската кошарка денес остана без едно од најголемите тренерски имиња, Душан Ивковиќ. Српските медиуми утринава ја пренесоа оваа тажна вест, за смртта на легендарниот кошаркарски стручњак Душан Ивковиќ. Големиот Дуда во својата кариера соработуваше со многу кошаркарски ѕвезди.

    Поранешниот југословенски кошаркар, а потоа и селектор, кој има бројни успеси на меѓународната сцена почина утрово во болница во Белград по проблеми со белите дробови на 77-годишна возраст.

    Душан Дуда Ивковиќ во својата богата кариера има и две евролигашки титули, како и три златни медали од европските првенства со Југославија, а еднаш го покори и светот. Покрај тоа, имаше уште многу одличја во својата четири децениска кариера. Во кариерата беше во младинската екипа на Раднички, а потоа доби шанса да го води Партизан, додека првиот интернационален предизвик на Душан Ивковиќ му беше грчкиот тим Арис.Своите најголеми успеси ги имаше со Олимпијакос, клуб со кој ја освои титулата во Евролигата.

    Кариерата ја продолжи во АЕК, па ги водеше ЦСКА и Динамо од Москва, пред да се врати во Олимпијакос и заедно со нашиот кошаркар Перо Антиќ повторно да освои титула во Европа. Беше селектор на Југославија во моментите кога во оваа репрезентација главни ѕвезди беа Петровиќ, Кукоч, Раџа, Дивац и останатите кои беа кошаркарски владетели во Европа во периодот од 1989 до 1991 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Бостон го преживеа четвртиот меч

    24/05/2023

    По елиминацијата од Денвер: Леброн размислува за пензија

    23/05/2023

    Јокиќ со нов трипл-дабл го однесе Денвер во големото НБА финале

    23/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.