По разделбата со Барселона, еден од нашите најталентирани кошаркари, Теодор Симиќ, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Игокеа.
Нашиот 18. годишен кошаркар се согласи на 4-годишен договор со актуелниот шампион на Босна и Херцеговина, клуб кој веќе неколку години со успех го предводи доскорешниот селекторот на нашата најдобра селекција, Драган Бајиќ.
Согласно со договореното, во првата сезона од договорната обврска со клубот од Лакташи, Теодор Симиќ ќе ја помине како позајмен играч во екипата на Борац од Бања Лука.