Српскиот кошаркар, Милош Теодосиќ, ќе продолжи да го носи дресот на екипата на Лос Анџелес Клиперс и во наредната сезона.
Раководството на клубот иако по 15 јули можеше да го ослободи играчот и да му исплати 2,1 милион долари, сепак се реши да му го продолжи договорот за уште една сезона со плата од 6,3 милиони долари. 31-годишниот кошаркар одигра 45 мечеви во дебитантската сезона во НБА, со просек од 9,5 поени, 4,6 асистенции и 2,8 скока.
Искусниот играч од Балканот поради повреда мораше да пропушти речиси половина од натпреварите на неговиот тим.