Ракометарите на Вардар во наредната сезона во Лигата на шампионите ќе стартуваат во групата „А“ заедно со францускиот ПСЖ предводен од Раул, потоа португалскиот Порто на нашиот Митревски, Киелце од Полска, Пик Сегед (Унгарија) Мешков Брест (Белорусија), германскиот Фленсбург и Елверум од Норвешка.
Во групата „Б“ ќе бидат активни: Барселона (Шпанија), Веспрем (Унгарија), Кил (Германија), Алборг (Данска) Нант од Франција на нашиот Лазаров, Мотор Запорожје (Украина), Целје (Словенија) и Загреб Хрватска.
Според пропозициите, по 14 кола, двата најдобри тима од секоја група ќе продолжат во четврт-финалето додека екипите од трето до шест место ќе играат во осмина-финалето.