Најтрофејниор македонски ракометен тим, Вардар 1961 по пауза од една година се враќа на меѓународна сцена, но овој пат не во Лигата на шампионите, каде навикнавме да го гледаме, туку во второто по ранг натпреварување на ЕХФ- Европската лига.
Поради освоената трета позиција на крајот од ланскиот шампионат, Вардар ќе игра квалификации во ова натпреварување, а на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ го дознаа својот ривал за кам-бекот на меѓународна сцена. „Црвено-црните“ битка за пласман во групната фаза ќе водат против германскиот гигант Рајн Некар Левен, еден од најнепосакуваните ривали во оваа ждрепка.
Првите натпревари се играат на 26/27 август, реванш натпреварите една недела подоцна. Првиот натпрвар се игра во Скопје, а реваншот на теренот на бундеслигашот.
Покрај Вардар, во Европската лига ќе настапи и вицешампионот Алкалоид, но тој обезбеди директен пласман во групната фаза.