Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Тежок пораз: Македонија загуби од Кипар во „Градски Парк“
    Кошарка

    Тежок пораз: Македонија загуби од Кипар во „Градски Парк“

    risteBy riste26/11/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската кошаркарска репрезентација претрпе тежок пораз од Кипар со 75:85 во Скопје, во натпревар од третото коло во втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Пораз кој може да има голема тежина во борбата за пласман во следната фаза, особено ако се има предвид дека Кипар беше директен конкурент на нашата селекција.

    Македонија имаше добар почеток и на полувремето имаше минимална негатива од 42:43. По третата четвртина разликата остана само еден поен, но во последните десет минути гостите направија клучна разлика. Кипарската селекција ја доби последната четвртина со 31:20 и стигна до значајна победа.

    Најефикасен во македонскиот состав беше Ненад Димитријевиќ со 30 поени, пет скока и шест асистенции. Стојан Ѓуроски постигна 11, а Војдан Стојановски девет поени.

    Кај Кипар, Филипос Тигкас беше прв стрелец со 25 поени, додека Јоанис Пасјалис постигна 14.

    Ова е сериозен удар за амбициите на Македонија, која во продолжението од квалификацискиот циклус ќе мора да оди на висока победа на гостувањето на Кипар.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија вечерва против Кипар за прво место во групата и чекор до Евробаскетот 2029

    26/11/2026

    Берокал: Мечот со Кипар ни е многу важен и затоа мораме да бидеме внимателни

    25/11/2026

    Ембиид не се појави на паркетот

    24/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Тежок пораз: Македонија загуби од Кипар во „Градски Парк“
    • Македонија вечерва против Кипар за прво место во групата и чекор до Евробаскетот 2029
    • Манчестер Сити прими голови во 10 последователни натпревари во сите натпреварувања
    • Алисон Бекер е првиот голман во историјата на Ливерпул кој асистирал во натпревар од ЛШ
    • Флик го надмина Гвардиола и постави нов рекорд во Лигата на шампионите
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.