Денеска во Софија се одржа ждрепката за втората фаза од кошаркарската БИБЛ лига. Вкупно шест екипи беа распоредени во две групи.
Македонските преставници Куманово и ТФТ нема да се сретнат бидејќи ТФТ е во групата „Ф“ заедно со Хапоел Галил и Берое додека Куманово е во групата „Г“ во друштво на Хапоел Холон и Академик Пловдив.
Според правилата, првите два тима од секоја од групите ќе играат вкрстено во полуфиналето. Распоред допрва ќе биде направен во корелација со сите тимови и националните федерации од земјите од кои доаѓаат.