Раководството на кошаркарскиот состав Бруклин ги искористи клаузулите во договорите на Џерет Ален и Јанан Муса и им ја продолжи соработката до 2021 година.
Алан беше избран како 22-ри пик на драфтот во 2017 година додека Муса беше регрутиран една сезона подоцна како 29-ти пик. Тој ја напушти Европа за да го засили составот од Њујорк. 21-годишниот Алан кој пропушти само два меча, имаше во просек 10,9 поени и 8,4 скокови на вкупно 80 натпревари.
20-годишниот Муса, пак, кој помина поголем дел од минатата сезона во Лигата за развој, одигра само девет мечеви со просек од 2,1 кош. Крилниот играч кој потекнува од БИХ се вбројува меѓу талентираните кошаркари кои дошле од Европа во САД.