Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Томислав Јагуриновски ја продолжува кариерата во Пролет
    Ракомет

    Томислав Јагуриновски ја продолжува кариерата во Пролет

    risteBy riste02/05/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот репрезентативец Томислав Јагуриновски е првото засилување на тимот на Пролет 62 за наредната сезона. За одличниот десен бек беа заинтересирани уште неколку екипи, но раководството на Пролет успеа да го убеди Јагуриновски во квалитетот на проектот планиран за наредната сезона, по што на обострано задоволство беше потпишан договор за соработка.

    Јагуриновски доаѓа во Пролет од редовите на исландскиот клуб Тор, каде настапуваше во одлична форма под водство на тренерот Стевче Алушовски. Репрезентативецот, кој претходно во кариерата ги бранеше и боите на Металург и на Вардар, а сега се одлучи да настапува за Пролет.

    „Презадоволни сме што успеавме да го договориме трансферот на Јагуриновски, македонски репрезентативец со кого ги потврдуваме амбициите за враќање во борбата за висок пласман за наредната сезона. Не се сомневаме дека тој ќе внесе дополнителен квалитет во нашата игра, но и енергија на теренот, нешто што го краси Јагуриновски низ неговата кариера“, изјави директорот на РК Пролет, Сашо Огњеновски.

    Томислав Јагуриновски беше дел од македонската репрезентација што оствари голем успех со пласманот на СП 2022.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир

    06/07/2022

    На СП 2023 година Македонија ќе игра во Краков, а противници ни се Норвешка, Аргентина и Холандија

    02/07/2022

    Брестовац е нов тренер на Тиквеш

    02/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин е во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон
    • Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир
    • Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона
    • Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс
    • Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.