Нашиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, повторно остави добар впечаток на ракометниот Мундијал во Египет иако доживемвме убедлив пораз од Словенија (31:21) на стартот на втората фаза.
„Започнавме добро, но, во вториот дел направивме многу технички грешки. Словенија нè казни. Ќе мора да одиме на изненадување против Русија и Белорусија“ – изјави Томовски.
Нашите ракометари утре ќе имаат ден за одмор а наредниот меч ќе го одиграат в петок против Русија. Почетокот е во 15.30 часот.
