Кошаркарот, Тристан Томпсон, кој беше ангажиран како големо засилување за НБА тимот, Бостон Селтикс, најверојатно ќе пропушти поголем дел од поготовките за новата сезона.
29-годишниот центар има повреда на Ахиловата тетива, потврди тренерот на тимот, Бред Стивенс, кој сепак остави простор дека поранешниот играч на Кливленд Кавалирс ќе биде подготвен за првиот натпревар и тоа против Милвоки на 23 декември.
Томпсон во ноември му се приклучи на Бостон како слободен играч и потпиша двегодишен договор вреден 19 милиони долари.