Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»NBA»Тони Паркер го напушти Сан Антонио и продолжува во Шарлот
    NBA

    Тони Паркер го напушти Сан Антонио и продолжува во Шарлот

    risteBy riste24/07/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Легендата на француската кошарка Тони Паркер ќе ја продолжи кариерата во НБА, но по 17 години верност кон Сан Антонио Спарс тој заминува во друг клуб, односно потпиша со Шарлот Хорнетс.

    Ова стана јасно откако генералниот менаџер на „Хорнетс” Мич Купчак издаде официјално соопштение до медиумите во кое го објави трансферот на Паркер.

    „Ние сме многу среќни што ангажиравме играч од калибарот на Тони Паркер. Уверени сме дека со неговото искуство тој во голема мерка ќе помогне да ги подобриме перформансите на нашиот тим. Сите во семејството на Шарлот го поздравуваме Тони со „Добредојдовте” и сме сигурни дека блескавата кариера ќе продолжи успешно со екипата на Хорнетс”, се вели во пораката на Купчак.

    Тони Паркер дебитираше во НБА со тимот на Сан Антонио Спарс во сезоната 2001/02, кога беше е избран под број 27 на Драфтот. Со екипата на „Спарси“ Французинот одигра 1 198 натпревари во регуларната сезона на Лигата, а вкупните средни индикатори се 15.8 поени, 5.7 асистенции и 2.8 скока.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    МЗТ Скопје А. поразен и на гостувањето кај Мега Баскет

    12/03/2023

    ЛА Лејкерс го повлекоа дресот со бр. 16 на Пау Гасол

    08/03/2023

    Маестрална партија: Дончиќ и Ирвинг заедно до 82 поени!

    03/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Серхо Бускетс наскоро ќе донесе одлука за својата иднина
    • Френки де Јонг отпадна од составот на Холандија поради повреда
    • Севиља одлучи да го отпушти тренерот Хорхе Сампаоли 
    • Верстапен не е задоволен од второто место
    • ВБА им постави ултиматум на Фјури и на Усик
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.