Ракометарот на РК Бутел, Денис Тот почина денеска на КАРИЛ, објавија повеќе медиуми од лекарски извори. И покрај напорите на лекарите, тие не успеале да го спасат 27-годишниот ракометар од Хрватска.
Доцна синоќа беше објавена информација дека Тот бил физички нападнат и со тешки повреди, бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Медиумите од Хрватска денеска објавија дека Тот бил претепан во ноќен клуб, а видео снимките избришани. Подоцна од МВР и КАРИЛ објавија дека ракометарот бил донесено во бесознание и без видливи повреди од насилство. Неофицијално, причина за смртта се срцеви проблеми.

