Денеска стига и информација дека тренер на младинска ракометна екипа од Македонија физички нападнал малолетен ракометар, а родителот на тепаниот го пријавил случајот во полиција. Mинистерството за внатрешни работи во својот дневен билтен објави за случајот кој дава негативно светло за ракометот.
„Вчера во 18.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, П.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 02.06.2023 околу 15.00 часот во Унгарија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неговиот тренер по ракомет, В.К“, соопшти МВР.
Единствена екипа од Македонија што во овој период гостуваше во Унгарија е пионерската екипа на Алкалоид.