Одличен почеток на нашите училишни ракометни тимови на денеска започнатото Светско првенство во Скопје. Машката репрезентација убедливо ја совлада Бугарија со 33:18, а девојките исто така имаа одличен почеток со триумф над Белгија од 34:12.
Ова е одличен старт на нашите селекции кои најавија дека на овој шампинат ќе се бодат и за медалите.
Утре Македонија игра со Грузија и во машка и во женска конкуренција.

