Македонската ракометна репрезентација со пораз го почна настапот на Светското првенство во Египет. Во мечот од групата „Г“ вечерва во Каиро, избраниците на Данило Брестовац загубија со високи, 32:20.
Македонија пред само два дена дозна дека ќе игра на Мундијалот, откако Чешка во последен момент го откажа настапот поради голем број позитивни тестови за коронавирус во репрезентацијата. Селекторот Данило Брестовац поведе значително подмладена селекција, но очигледно се уште недоволно воиграна за настап на премиерниот меч на Мундијалот.
За нас шанса за поправен има веќе за два дена на средбата со Египет.

