Шампионот на Евролигата со Фенербахче и актуелен член на Јута Џез – Екпе Јодо, започна проект кој не е поврзан со кошарката. Професионалниот играч и неговите бизнис партнери ќе инвестираат во земјоделството се со цел, училиштата во неговата држава – Оклахома, да бидат редовно снабдени со свеж зеленчук.
„Сакам да им помогнам на јавните училишта и помалите заедници. Милсам дека сè е лесно и достапно. Во кошарката нема да останам засекогаш“ рече Удо.
31-годишниот спортист се врати во НБА во сезоната 2017/2018 откако помина две години како кошаркар на турскиот Фенербахче.