Главниот тренер на кошаркарите на Хјустон, Име Удока, е заинтересиран за продолжување на соработката со бекот Фред ВанВлит.
„Мислам дека двете страни сакаат тој да остане. ВанВлит е една од причините за нашиот раст. Ми се допаѓа сè што прави. ВанВлит е совршена комбинација од игра со и без топка. Би сакал да го задржам“ – рече Удока.
ВанВлит има опција во својот договор за следната сезона. Доколку се активира, играчот ќе заработи 44,9 милиони долари.

