Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да дојде до посакуваниот резултат ниту на реванш мечот против Украина во баражите за пласман на СП 2023. На гостувањето во Унгарија, Украина не прегази со 31:22.
Гичевска со десет погодоци беше најефикасна, зад беа беше Ристовска со пет гола, Мицевска имаше осум одбрани.
Македонија го загуби и првиот меч во Скопје, но најавата за егал меч во Кишварда не се оствари. Украина беше двојно подобар тим од Македонија и сосема заслужено е меѓу патниците на Мундијалот.