Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Урбан Лесјак од следната сезона на голот на Еурофарм Пелистер
    Ракомет

    Урбан Лесјак од следната сезона на голот на Еурофарм Пелистер

    risteBy riste10/02/2022No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    РК Еурофарм Пелистер и официјално го потврди ангажирањето на словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак кој ќе ја засили голманската позиција на тимот од Битола.

    „Ни причинува особено задоволство да ги информираме сите наши приврзаници и навивачи за уште едно бундеслигашко засилување во нашите редови. РК Еурофарм Пелистер постигна договор со словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак. Искусниот 31-годишен голман од следната сезона ќе го брани голот на нашиот клуб, откако веќе го потпиша двегодишниот договор. Лесјак од 2018 година ги брани боите на Хановер, а својата играчка кариера ја започна во Целје Пивоварна Лашко, клуб за кој настапуваше од 2010 до 2018 година. Дресот на словенечката репрезентација го носел 58 пати, а најголем успех му е освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство во Франција 2017 година. Официјалното претставување на Лесјак во Битола предвидено е пред почетокот на натпреварувачката сезона 2022/23“ се вели во информацијата објавена од страна на клубот .

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир

    06/07/2022

    На СП 2023 година Македонија ќе игра во Краков, а противници ни се Норвешка, Аргентина и Холандија

    02/07/2022

    Брестовац е нов тренер на Тиквеш

    02/07/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Калин е во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон
    • Македонија поразена од Србија во битка за бронзениот медал на МИ во Алжир
    • Решено е: Ибрахимовиќ останува во Милан уште една сезона
    • Бергвајн на медицински прегледи па трансфер во Ајакс
    • Нуњез е најдобар играч во португалската лига за минатата сезона
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.