Кошаркарскиот состав на Мемфис ќе потпише договор од 10 дена со поентерот Дeрик Вајтхед.
Играчот кој има само 21 година беше избран од Бруклин како 22-ри на НБА драфтот во 2023 година. Кошаркарот висок 198 сантиметри одигра 22 натпревари со просек од 5,3 поени и 1,5 скока за 12,3 минути.
Вајтхед во сезонава настапуваше во развојната лига во универзитетскиот тим од Оклахома.

