Е. Пелистер вчера беше поразен и во вториот настап во новата сезона од СЕХА лигата. Тренерот на тимот, Ларс Валтер, вели дека дека повредите се причина за слабиот старт на сезоната во регионалната конкуренција
„Сакам да му честитам на домашниот тим за победата и добриот меч. Видливо е дека ние имаме проблеми со повреди. Клучниот момент беше кога добивме две исклучувања. А едноставно не можеш да преживееш така против одличен тим како Нексе. Среќен сум што се враќавме во мечот во два наврати. Имаме долго патување пред нас, а потоа следат два дена одмор кои ќе ги искористиме за анализа пред мечот во Данска“, вели Валтер.