Македонскиот ракометен шампион, Вардар 1961 вечерва од 20.45 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ го пречекува Кил во мечот од 6. коло од Лигата на шампионите. Гостите се големи фаворити на хартија, но Вардар ќе ја има предноста на домашниот терен и фактот што Германците во Скопје дојдоа некомплетни.
Кил денеска останува без ѕвездите Сагосен и Вајнхолд, па затоа нашиот првак ја гледа и својата шанса за изненадување, но и прекин на серијата од два последователни порази.
Вардар во минатото коло одигра на своето ниво, но загуби кај Алборг, а претходно беше поразен дома од Монпелје, иако беше фаворит.

