Ракометарите на Вардар ремизира во вториот меч против Веспрем, 31-31, во реванш осминафиналето во ЛШ. По поразот во Скопје од 8 гола разлика, беше јасно дека Вардар има само теоретски шанси за успех, но момците на Дејвис покажаа дека не случајно се во ЛШ и одиграа јуначки меч во кој на крајот извадија реми.
Веспрем во голем дел од мечот беше во водство, на моменти и со 6 гола разлика, но во последните 5 минути „вардарци“ ја стопија предноста и успеаја да извлечат нерешен резултат. Ниокас со 7 и Моралес со 6 гола беа фантастични во дресот на нашиот првак, додека кај Веспрем Омар постигна 7 погодоци.