Изминатите неколку денови ЕХФ направи анкета односно избор за најубав дрес кој се појавил во ЕХФ Лигата на шампиони, а заврши денеска на пладне.
За најубав дрес во финалето се бореа машкиот и женскиот тим на Вардар, и очекувано победата отиде кај актуелниот шампион РК Вардар со убедлива разлика (84%-16%).
Дресот на машкиот тим на Вардар во првата рунда доби повеќе гласови од оној на Копенхаген, а во второто коло беше подобар од дресот на Нант, додека во четвртфиналето го помина и дресот на Веспрем. Во полуфиналето беше во дуел против Барселона и беше подобар со убедлива разлика.
Дресот на ЖРК Вардар го мина првиот филтер против Виборг, а вториот против Кристијансанд, додека во четвртфиналето беше „подобар“ од францускиот Мец. Полуфинален ривал беше дресот на добро познатиот противник Ѓер, а го добија со убедлива разлика.
Едно е јасно по оваа анкета или избор дека најубав машки дрес во Европа го има Вардар, а најубав женски е оној на ЖРК Вардар.