Ракометниот клуб Вардар објави дека од денес се пуштени во официјална продажба влезниците за првиот домашен дуел од продолжението на Лигата на шампионите.
Дуелот со Мотор Запорожје ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ на 15 февруари со почеток од 17:30 часот.
Билетите се пуштени во поединечна продажба онлајн во мрежата на тикетплус, а од десетти февруари ќе бидат достапни и на билетарницата од спортскиот центар во Аеродром. Цените на картите се 350 денари за трибина и 400 денари за блок А.
Овој натпревар е од големо значење за Вардар за да се задржат шансите да се избегне шестото место кое носи дуел најверојатно со ПСЖ во осминафиналето од ЛШ. Вардар најнапред во среда му гостува на Кил во Германија, а до крајот на регуларниот дел од сезоната го очекуваат средбите соМотор (дома), Порто (гости) и Монпеље (дома).