Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар го доби дербито со Алкалоид и останува единствен без пораз во Супер лигата
    Ракомет

    Вардар го доби дербито со Алкалоид и останува единствен без пораз во Супер лигата

    risteBy riste09/11/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вардар е единствениот тим без пораз од денес во Суперлигата на Македонија. Вардар 1961 на домашен терен славеше во градското дерби со Алкалоид (34:28) и остана на перфектен скор, единаесет победи на единаесет меча во шампионатот на Македонија, додека избраниците на Лазаров го доживеаја првиот пораз оваа сезона.

    Скопското дерби беше изедначено во поголемиот дел од мечот, а до победата домашната екипа дојде со одличен втор дел во кој доби поддршка од голманите. Во првите триесет минути, Вардар и Алкалоид играа изедначено , домапните ракометари неколку пати имаа максимална предност од два гола разлика за на одмор д асе замине со нерешени (17:17).

    Во вториот дел екипите беа резултатски близу, се до 22:21, кога Гогов одбрани , а Хориха донесе плус два за домашните (23:21). Потоа Вардар дојде до предност од 27:24 во 45. минута. Во продолжението од мечот, Вардар поведе и со 7 голови разлика откако напрваи серија од 5:0 (32:25) што беше и највисока предноста на некоја екипа на оваа средба, з ана крајот мечот заврши со 34:28.

    Дмитро Хориха беше најдобар стрелец кај Вардар со девет гола, го следеа Боно и Малус со по пет гола, но голем придонес во триумфот имаше голманот Васил Гогов со осум одбрани. Кај Алкалоид, Мартин Серафимов погоди девет пати, додека Марко Стојковиќ и Ненад Костески дадоа по четири гола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.