Ракометарите на Вардар го добија првиот натпревар против Еурофарм Пелистер во машката Супер лига откако пред својата публика победија со 29:25.
Вардар имаше подобар финиш на првиот и вториот дел и со тоа дојде до посакуаната победа кој го зацврсти на врвот на табелата.
Почетокот на средбата беше со израмнета игра и двете екипи се менуваа во водство, а Вардар во финишот направи предност која го однесе на одмор со позитива од 15:11. Ви вториот дел Вардар ја одржуваше оваа предност, но Еурофарм Пелистер успеа да се доближи на 26:25, кога на сцена стапи Филип талески кој со серија од 3 погодоци му донесе предност на Вардар од 29:25 што беше и конечен резултат на натпреварот.
Во екипата на Вардар најефикасен беше Дибиров со 10 гола, а Талески и Моралес постигнаа по 5, додека кај гостите Мандалиниќ и Кушан постигнаа по 5 гола.