Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар го очекува тежок меч против Барселона, но се надеваат на победа
    Ракомет

    Вардар го очекува тежок меч против Барселона, но се надеваат на победа

    risteBy riste09/11/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот ракометен шампион Вардар в недела треба да го одигра можеби клучниот напревар во групната фаза на Лигата на шампионите. На домашен терен пред полната сала во СЦ „Јане Сандански“ гостува шпанскиот гигант Барселона, кој секогаш е тежок противник на Вардар.

    Стратегот на вардарци, Роберто Гарсија Парондо е свесен за значењето на овој натпревар и квалитетот на противникот, но напомена дека неговите момци се подготвени на сè.

    „Сите сме возбудени поради тоа што во Скопје доаѓа Барселона. Во оваа сала секогаш кога играме големи натпревари, трибините се исполнети до последно место и очекувам одлична поддршка и одлична атмосфера. За квалитетот на нашиот противник не треба да се трошат зборови. Тоа е тим кој секогаш е на ниво на задачата и претендира кон пласман на Ф4 во Келн. Каталонскиот клуб оваа сезона игра поквалитетно од лани и сигурно нè очекува тежок и неизвесен натпревар. Вардар е подготвен“, изјави Парондо.

    Вардар се наоѓа во добар ритам и позитивна атмосфера која треба да биде искористена за да се одигра добро и на овој меч. Капитенот Стојанче Стоилов смета дека ракометарите на Барса се свесни каков пекол ги очекува во Скопје и нема да им биде сеедно.

    „Играме против Барселона, со која до последно ќе се бориме за првото место во групата. Уште кога беа извлечени групите се сметаше дека Барса е фаворит во оваа група, а јас и сега сметам дека овој клуб е еден од главните фаворити за освојувањето на титулата. Сепак, тоа не треба ништо да значи. Тие знаат дека ги очекува „пекол“ и нема да им биде сеедно. Но, ние знаеме како треба да се игра за да се победи Барселона. Вардар во тимот имаа ракометари кои сакаат да победат на видео-игра, а не пак на дуел против еден вака голем клуб“, изјави Стоилов.

    Дуелот меѓу Вардар и Барселона се игра в недела со почеток од 17:00 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Познати групите за ракометниот Куп на Македонија

    01/02/2023

    Е. Пелистер вечерва стартува во СЕХА Лигата

    30/01/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Давитков се врати во татковината
    • Шкрињар ќе остане професионалец до крај
    • Нов тежок удар за Јуве!?
    • Гринвуд не бил виновен
    • „Светците“ останаа времено без првата ѕвезда
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.