Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар го одигра последниот натпревар во овој состав, славеше во Автокоманда
    Ракомет

    Вардар го одигра последниот натпревар во овој состав, славеше во Автокоманда

    risteBy riste30/05/2018No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Вардар славеа во последниот натпревар од плеј-офот во Суперлигата против Металург со 29:33 и на тоја начин со максимални 10 победи ја завршија сезоната во домашниот шампионат.

    Иако од претходно беше обезбедена титулата во македонскиот шампионат, поради киксот на Металург против Еурофарм Работник, сепак Вардар одигра максимално коректно не дозволи домашниот тим да помисли на позитивен резултат на оваа средба.

    Играчите на Вардар, Лука Циндриќ, Мијајло Марсениќ, Жоан Кањељас и Хорхе Македа, за последен пат вечерва го носеа „црвено-црниот“ дрес, додека повредените Арпад Штербик и Илија Абутовиќ не беа во составот за оваа средба. Тренерот Раул Гонзалез исто така за последен пат го водеше Вардар на еден натпревар.

    Вардар не дозволи изненадување и по почетните неколку минути дојде до предност која ја задржа на крајот на првиот дил кога на одмор заминаа со водство од 15:19. Во вториот дел Вардар успеа да дојде до водство од +6, односно 25:19, а потоа да дозволи Металург да ја намали предноста на само два гола разлика 23:25, но тоа беше се што можеше да направи домашната екипа, затоа што финишот му припадна на Вардар кој дојде до победа од 33:29.

    Најдобри стрелци во екипата на Вардар беа Кристопанс со пет и Циндриќ со четири голови, додека кај Металург Илиќ постигна шест погодоци, додека Пешевски беше стрелец на пет гола.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов лично ги пречека кадетите по успехот во Рига

    16/08/2022

    Денес стартува ракометниот турнир Струга 2022

    16/08/2022

    Кадетите изборија и втора победа на ЕХФ шампионатот во Рига

    09/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Наполи го потврди потписот на Џовани Симеоне
    • Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи
    • Челзи подготвен да го прати на позајмица Калум Хадсон-Одои
    • Челзи се договори со Фофана, сега треба и со Лестер
    • Челзи денес ќе испрати официјална понуда за Обамејанг
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.