Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар го официјализираше договорот со кубанецот Родригез
    Ракомет

    Вардар го официјализираше договорот со кубанецот Родригез

    risteBy riste25/07/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Двократниот европски првак Вардар денес промовираше уште едно од засилувањата на тимот за следната натпреварувачка сезона. Вардар започна една нова ера во своето постоење, со нова управа и поинаков концепт. 

    Последен од засилувањата и единствен кој не беше тука од стартот на подготовките е кубанскиот ракометар Хансер Микел Родригез.

    21-годишниот лев бек со мало задоцнување се стави на располагање на тренерот Недановски, а го парафира и договорот со Вардар. Кубанецот се обврза на верност за наредните две сезони. 

    Се работи за универзалец, ракометар кој иако по вокација е лев бек, може да игра и како организатор на играта, меѓутоа и на левата крилна позиција. Родригез потекнува од Куба, меѓутоа неколку години играше во Португалија. Тој беше дел од Спортинг Лисабон, настапи и во Европската лига, а потоа настапуваше за Портимоменсе и минатата сезона за Брага. 

    Досега Вардар ги потврди потписите на договорите со Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и Матија Николиќ, па Хансер Родригез е четвртото официјализирано засилување. Со клубот веќе тренираат Косуке Јасухира и Нилтон Мело, а нивната промоција е очекувана во наредните денови.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Добра партија на Е. Пелистер, но Кил славеше во Битола

    27/09/2023

    Јовиќ пред Кил: Мора да се покажеме во многу поинакво светло

    26/09/2023

    Танески е нов селектор на кадетската ракометна репрезентација

    21/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико
    • По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме
    • Лина Ѓорческа ќе игра финале во Србија
    • Заборски и Стојановиќ во битка за бронза на Светската карате Премиер лига
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.