Ракометарите на Вардар досега одиграа само пет натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона. Затоа сега на избраниците на Стевче Алушовски им селдуваат серија на многу натпревари во Лигата на шампионите.
До оденес од 5 одиграни натпревари Вардар има една победа, еден нерешен резултат и три порази, а овие резултати го однесоа тимот на последното место на табелата во групата А. Македонскиот тим посакува пласман во четвртфиналето во ЛШ, но за тоа мора да почне да победува и да го помине позитивно пеколениот февруарски распоред, во кој го чекаат седум меча во Лигата на шампионите.
Се започнува вечерва (20:45 часот) на гости кај Порто. Токму оваа средба е важна во обидот да се избегне дното на табелата. Португалскиот тим од Скопје си замина со бод, Вардар имаше шанса за победа, но прими несреќен гол во финишот од средбата.
Двата тима добро се познаваат, па затоа за да се дојде до победа ќе треба да се одигра добро во одбрана.
„Порто е тежок противник затоа што е практично репрезентацијата на Португалија, имаат дури 12 репрезентативци. Најголемата опасност ја очекувам од нивните бекови, пред се мислам на левите и средните бекови и доколку успееме да ја неутрализираме нивната соработка имаме големи шанси да направиме добар резултат. Оптимист сум и се надевам на најдоброто“ истакна тренерот Алушовски.
Покрај овој меч меѓу Порто и Вардар, вечерва ќе се играат уште четири меча: Мешков Брест – Фленсбург (18:45 часот), Весперм – Барселона, Нант – Целје и Кил – Мотор од 20.45 часот.