Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар го помина Ростов и закажа ново финале со Ѓер
    Ракомет

    Вардар го помина Ростов и закажа ново финале со Ѓер

    risteBy riste12/05/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарките на Вардар втора година по ред ќе бидат дел од финалето на Лигата на шампионите.„Вардарки“ во полуфиналето ја совладаа екипата на Ростов Дон со 25:19 и на тој начин обезбедија уште еден настап во големото финале.

    Противник на Вардар во утрешното финале ќе им биде ланскиот противник и должник, домашната екипа на Ѓер.

    Вардар одлично го започна натпреварот и уште во првите минути направи предност од 4:2, резултат кој стоеше на семафорот неколку минута, а потоа со серија на погодоци дојдоа до предност од 7:4, за на крајот на првиот дел на одмор заминат со резултат 10:7.

    Во второто полувреме Вардар играше уште подобро и по неколку грешки на противникот имаше предност и од 15:9. Ракометарките на Вардара во последните 15 минути од натпреварот не му дозволија на противникот да се доближи и ја одржуваа предноста на +3, за во финишот дојдат и до убедливи +6, односно 25:19.

    Најефикасни во екипата на Вардар беа Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ со по седум гола, а одлична на голот и на оваа средба беше Амандин Лејно, која на крајот имаше 14 интервенции. Финалето во Будимпешта меѓу Вардар и Ѓер се игра утре (недела) од 18.00 часот во „Ласло Паб“ арената.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валтер: Повредите се причина за слабиот старт во СЕХА

    03/02/2023

    Червар: Ме сменија зошто сметаат дека сум опасност за некого

    03/02/2023

    Одредени групите во женскиот ракометен Куп на Македонија

    01/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.