Ракометарите на Вардар својот прв четврт-финален натпревар од ЕХФ лигата на шампионите против ПИК Сегед ќе го одиграат на 25 април (четврток) во Скопје во СЦ „Јане Сандански” во 20 часот
Во договор со клубовите домаќини, ЕХФ маркетинг и ТВ куќите што прават пренос усогласени се сите термини од четврт-финалето. Реваншот со ПИК Сегед е закажан за 5 мај (недела) во 19 часот во Унгарија.
Од РК Вардар најавија дека наскоро ќе ги објават деталите околу продажбата на билети за мечот во Скопје.
Во останатите четврт-финални натпревари од ЕХФ лигата на шампионите се среќаваат:
Фленсбург – Веспрем
Нант – Барселона
Кјелце – ПСЖ